Реал Мадрид ова лето го напуштија неколку важни фудбалери како Алваро Мората, Хамес Родригез и Пепе, а шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ во јануари можат да останат без уште една ѕвезда.
Лукас Васкез не е еден од најзначајните фудбалери во тимот на Зидан, но неговиот допринос минатата сезона беше огромен. Често правеше разлика влегувајќи од клупата, а во вториот дел од сезоната одлично го замени повредениот Герет Бејл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако се очекуваше дека оваа сезона ќе добива поголема минутажа, Васкез главно ја крее клупата за резерви, па е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Најсилен интерес за него покажува Рома и спортскиот директор Мончи кој добро ги познава квалитетите на Шпанецот. „Волчицата“ сака да го доведе Васкез уште во зимскиот преоден рок, па веќе спрема понуда до Реал Мадрид.
Васкез не е задоволен од статусот на „Сантиаго Бернабеу“ и наводно веќе дал согласност за преселба на „Олимпико“.