Фудбалерите на Лестер и Тотенхем одиграа нерешено 1:1, во натпреварот од првото коло од Премиер лигата.
Гостите од Лондон подобро го отворија натпреварoт, а можеа да поведат уште во почетните моменти, но Соланке беше непрецизен. Нивната офанзивна игра вроди со плод во 29. минута, кога Поро на асистенција на Медисон ја погоди мрежата на Лестер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во вториот дел од играта „Лисиците“ одиграа многу подобра партија, па во 57-та по одличен центаршут на Фатаву, Џејми Варди го израмни резултатот.
Варди го напушти теренот во 79. минута, па токму тогаш се „судри“ со навивачите на Тотенхем. Имено, тие го исвиркале кога го напуштил теренот, додека англискиот фудбалер им гестикулирал дека тој, за разлика од нивниот клуб, освоил трофеј во Премиер лигата.
Во следното коло Тотенхем ќе го пречека Евертон, додека Лестер за противник ќе го има Фулам.