Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардарки го пречекуваат Ларвик: Сакаме да победуваме до крај!

Вардарки го пречекуваат Ларвик: Сакаме да победуваме до крај!

Ракометарките на Вардар во сабота го пречекуваат тимот на Ларвик во рамките од Лигата на шампиони.

„Црвено-црните“ во октомври го совладаа Ларвик во Норвешка со 31:19, но предупредија дека противникот не смее да биде потценет.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тие се млада екипа која е во фаза на смена на генерации, но тоа не значи дека натпреварот ќе биде лесен натпревар. Имаат млади добри ракометарки, традиционално добро ги играат контранападите. На првиот меч имавме проблеми поради нашите грешки, тоа ќе треба да го подобриме“, изјави тренерот на Вардар, Ирина Дибирова.

Вардарки во првите три кола имаат исто толку победи, а целта е првата фаза во Лигата на шампионките да ја завршат со максимален ефект.

„Сакаме да продолжиме со ваквиот однос кон играта и со победите до крајот. Драго ми што кон секој противник имаме максимално сериозен пристап. Тренираме добро, знаеме која е нашата цел. Сигурна сум дека в сабота нема да биде лесен натпревар. Ларвик е тим кој игра сите 60 минути без оглед на тоа каков е резултатот. Тоа се млади ракометарки кои имаат желба да се докажат. Мора да имаме максимален пристап во одбраната која ќе ни овозможи да постигнуваме лесни голови од транзиција. Сигурна сум дека на овој натпревар ќе пробаме некои варијанти за мечот кај Ференцваршош наредната недела. Тоа ни е првата цел да победиме и таму и без пораз да ја завршиме првата фаза“, изјави капитенот Јованка Радичевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…