Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, призна дека тимот направил премногу грешки во одбраната, што противник како Реал знаеше да ги казни.
„Црвените“ доживеаа дебакл на домашен терен и загубија со 2:5, а Ван Дајк не му дава шанса на неговиот тим во реваншот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашата мисија во Мадрид е речиси невозможна, но кога ќе дојде моментот, ќе се концентрираме и ќе го претставиме клубот најдобро што можеме.Разочаран сум од начинот на кој загубивме и поради тоа што не си оставивме шанса за реваншот. Сега единиствено можеме да останеме сплотени и да го прифатиме поразот како колектив“.
„Игравме против Реал Мадрид, тим кој има квалитетни играчи на секој дел од теренот. Можат да ја казнат секоја грешка и тоа го направија, особено во второто полувреме. Јасно е дека направивме грешки кои не треба да ги правиме. Но, тоа се случува во фудбалот. Ние не сме роботи. Понекогаш се случуваат грешки“, изјави Ван Дајк.