Дома Фудбал Валверде пред отказ, Барса му постави ултиматум

Валверде пред отказ, Барса му постави ултиматум

Поради слабиот старт на новата сезона на Каталонците се повеќе се зголемува притисокот врз тренерот Ернесто Валверде.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Според весникот „АС“ Валверде се наоѓа пред отказ и раководството веќе му дало ултиматум.

Имено, тој мора да победи на следните два натпревари во лигата, па доколку загуби бодови ќе добие отказ. Наведените натпревари кои можат да му пресудат се пресметките дома со Виљареал и на гости кај Гетафе.

Барселона го започна првенството со два порази и едно реми во првите пет кола и го зазема дури 8. место.

55-годишниот Валверде ја презема Барселона во 2017 година и под негово водство клубот има освоено четири трофеи – две титули во Примера, Купот и Суперкупот на Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Шпанија немаат дилеми, знаат и кога ќе биде промоцијата на Мурињо!

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е повторно во центарот на вниманието на шпанските медиуми…