Утре Барселона и Реал Мадрид на „Ноу Камп“ ќе го одиграат 239-тото „Ел Класико“.
Пред новинарите по повод утрешниот натпревар секако излезе и тренерот Ернесто Валверде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид, никогаш не се обични. Тие мораат да се следат низ многу детали: тактички, емоционално…Зад нас е одлична недела, одигравме два добри натпревари и се надевам дека утре ќе продолжиме со исто темпо. Мораме да бидеме спремни на се, бидејќи знаеме дека Реал кога е ранет е уште повеќе опасен“, смета Валверде.
Новинарите го запрашаа да каже нешто и за Роналдо.
„Реал знаеше да игра совршено тие се способни да излезат од оваа криза. Реал не е Кристиано Роналдо, ги сметам за глупост коментарите дека овој натпревар нема да биде интересен затоа што ќе ги нема Роналдо и Меси. И пред нив во овој натпревар гледавме фантастичен фудбал, играа фантастични играчи и имаше страст…Дури на теренот паѓаа и свински глави. „Ел Класико“ секогаш ќе биде „Ел Класико“, изјави стратегот на Барселона.