Дома Фудбал Валверде за враќањето на Нејмар: Да не зборуваме за фантазии!

Валверде за враќањето на Нејмар: Да не зборуваме за фантазии!

Главна тема денес во шпанските медиуми е евентуалното враќање на Нејмар во Барселона.

Каталонскиот весник „Мундо Депортиво“ денес објави ексклузива дека Нејмар сака да се врати на „Камп Ноу“ и дека веќе разговарал со своите бивши соиграчи па дури со челниците на клубот. (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради тоа јасно беше дека на тренерот Валверде веднаш ќе му биде поставено тоа прашање на денешната пресконференција.

„Ми звучи како нечија фантазија, не знам од каде излезе ова и како ќе заврши. Ве молам да не зборуваме за хипотетички ситуации“, изјави Валверде, а потоа беше запрашан дали Бразилецот би се вклопил во неговиот тим.

„Нејмар игра за друг тим, би било апсурдно да зборувам за тоа. Имаме правило да не зборуваме за играчи од други клубови. Што и да кажам би можело да биде извлечено од контекст“, јасен беше Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …