Црвена Звезда неодамна го договори трансферот на Коста Недљковиќ во Астон Вила за сума од девет милиони евра, а сега е блиску одново да продаде играч за голема сума.
Во прашање е напаѓачот Јован Мијатовиќ кој е со тимот на подготовки во Кипар, меѓутоа скоро и да не тренира бидејќи го чека трансфер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мијатовиќ е фудбалер кој има 18 години и се очекува да стане дел од Сити Груп чија ударна игла е Манчестер Сити, но тука се уште клубови како Жирона и Њујорк Сити.
Најавите се дека Мијатовиќ прво може да игра во МЛС лигата. Звезда за него има опција да го продаде за сума од осум милиони евра или седум милиони евра со клазула да добие 20% од следниот трансфер. Мијатовиќ иако има 18 години е најдобар стрелец на српскиот гигант со девет гола во сите натпреварувања.