Дома Фудбал Англија Важни три бода за Челзи, Вернер го реши лондонското дерби 🎥

Важни три бода за Челзи, Вернер го реши лондонското дерби 🎥

Фудбалерите на Челзи стигнаа до победа против Вест Хем од 1:0 во рамките од 33. коло во англиската Премиер лига.

Челзи така продолжува трката за Лигата на шампионите со градскиот ривал и се зацврсти на табелата со 58 освоени бодови, додека Вест Хем е пети со три бода помалку.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Голот на одлука го постигна Тимо Вернер во завршницата од првиот дел. Иако видовме повеќе прилики и на двете страни, сепак нов погодок немаше. На Челзи работата беше олеснета во 81. минута кога беше исклучен Фабијан Балбуена.

Со помош на ВАР судијата Крис Каванг утврди дека неговиот старт е за директен црвен картон, па Вест Хем остана со десет играчи до крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола разочаран, а Инзаги воодушевен порача: Како да искачивме Монт Еверест без кислорорд!

Тренерот на фудбалерите на Ал-Хилал, Симоне Инзаги, ја спореди победата од 4:3 против Манч…