Дома Трансфер зона Буфон ќе го напушти Јувентус, но може да остане во Италија?

Буфон ќе го напушти Јувентус, но може да остане во Италија?

Пред неколку дена легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон потврди дека ќе го напушти Јувентус на крајот од сезната.

Буфон заминува од Јувентус, но и покрај тоа што има 43 години не размислува на пензија. Во медиумите се поврзуваше со можен изненадувачки трансфер во Барселона, а сега во игра влегува и Парма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Парма одигра лоша сезона и наредната сезона ќе бидат дел од Серија Б, па се најавува дека Буфон е спремен да помогне на својот клуб побрзо да се врати во италијанската елита.

Сигурно дека со враќањето на Буфон во Парма би се испишала една убава приказна за „млекарите“, токму во овој клуб Буфон се појави на големата сцена, а потоа следуваше трансфер во Јувентус.

Навивачите на Парма секако се надеваат дека ваквите најави на медиумите ќе станат и реалност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…