Дома Трансфер зона Буфон пристигна во Торино! (ФОТО+ВИДЕО)

Буфон пристигна во Торино! (ФОТО+ВИДЕО)

Откако го напушти ПСЖ, Џанлуиџи Буфон се враќа во Јувентус!

Веќе подолг период Буфон се поврзува со враќање во Јувентус, а денес легендарниот голман се врати во Торино каде што ќе ги помине медицинските прегледи и ќе потпише договор.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Буфон после кратката авантура во ПСЖ се враќа во Јувентус каде што ќе потпише договор на уште една година после што ќе следи превземање на некоја директорска функција.

И покрај враќањето на Буфон прв голман на Јувентус и наредната сезона ќе биде Шчесни додека легендарниот Италијанец ќе биде резервна опција.

Единствената клазула која ја барал Буфон е онаа која и што се најавуваше – да одигра десет натпревари и тоа негово барање Јувентус го прифатил.

Така Џиџи откако ќе го помине лекарските прегледи ќе потпише договор со Јувентус вреден 1.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Лукас Пакета може да биде летната „бомба“ од 100 милиони евра во Премиер лигата

Лукас Пакета потенцијално би можел да биде една од летните бомби во Премиер лигата. Бројни…