Италијанската легенда и голман на Јувентус гостуваше во познатата тв емисија во Италија „Тика Така“ и таму зборуваше за напуштањето на Јувентус и одлуката да се врати во Торино.
Буфон минатата сезона бранеше на голот на ПСЖ и со францускиот клуб имаше можност да го продолжи договорот на уште една сезона, но не го направи тоа и изненадувачки се врати во клубот каде што ја помина скоро цела своја кариера.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Италија како што кажа самиот одлучил да се врати поради неговото семејство.
„ПСЖ ми даде добра понуда на спортски и економски план. Кога на 40 години еден голем клуб ќе дојде по вас вие сте почестен, сакав ново искуство, нов предизвик…Затоа го ја прифатив понудата“.
Потоа објасни зошто се вратил.
„Една вечер бев осамен и тогаш сфатив дека сакам да се вратам. Таа вечер се прашав самиот себе: Што правиш тука на 41 година кога цело твое семејство е во Италија? Потоа разговарав и луѓето во ПСЖ беа коректни со тоа што ми овозможија да се вратам. Јувентус потоа испрати понуда и јас ја прифатив“, објасни Буфон.