Дома Топ вести Буфон му порача на Донарума: Дојди во Јуве, нема да погрешиш

Буфон му порача на Донарума: Дојди во Јуве, нема да погрешиш

Легендарниот Буфон изјави дека не може да го советува својот млад „наследник“ Џиџо Донарума бидејќи никогаш не бил во слична ситуација.

Сепак Буфон ја искористи шансата да го повика во Јувентус и истакна дека доколку избере да се пресели во Јуве нема да направи грешка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Јувентус никогаш не е погрешна опција. Поради тоа, доколку Донарума дојде во Јуве неа да направи грешка. Не можам да му давам совет бидејќи не ја знам неговата ситуација и емотивната врска со Милан. Јас можам да му кажам неколку работи, но тоа што е пресудно е внатре во неговото срце“, изјави Буфон.

Буфон уште еднаш потврди дека оваа сезона најверојатно ќе биде неговата последна и дека ќе стави крај на кариерата.

„Никој не сака да ја заврши кариерата. Но, многу сум среќен што стигнав до фаза во животот каде внатрешната хармонија ми е најважна. Единствена шанса да играм и следната сезона е доколку ја освоиме Лигата на шампиони“, заклучи Џиџи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…