Според информациите кои ги објави „Газета дело Спорт“ Џанлуиџи Буфон сака да го напушти Јувентус.
Како што се наведува Буфон наводно не бил задоволен од екстремно малата миутажа која ја добива. Без разлика што е во поодминати години, Буфон се уште брани на високо ниво, но од Пирло доби само десет натпревари.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета“ пишува дека Буфон веќе го информриал раководството за неговата одлука. Се шпекулира дека Буфон преговара со Парма каде што ја започна кариерата во 1995 година, a се споменува и португалски Порто кој оваа сезона го елиминираше Јувентус од ЛШ.
Во Јувентус Буфон бранеше од 2001 до 2018 година, потоа една сезона помина во ПСЖ па се врати во Торино.