Дома Фудбал Останато Буфон: Во Италија имаме погрешно мислење за францускиот фудбал

Буфон: Во Италија имаме погрешно мислење за францускиот фудбал

bufon

Oткако Пари Сен Жермен испадна од Лигата на шампионите голем дел од спортската јавност го обвинуваше Џанлуиџи Буфон. Во медиумите се пишуваше дека Буфон е „отпишан“ од ПСЖ и дека клубот нема да му понуди нов договор.

Веќе на големо се шпекулираше дека ќе се врати во Италија или ќе оди во пензија, а сега одеднаш Буфон тврди дека би можел да остане во Париз.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Клубот ми понуди продолжување на соработката и тоа ме прави среќен. Благодарен сум. Ќе се сретнеме во наредните денови и ќе го погледнеме проектот за иднината сезона, ќе видиме дали одговара и за двете страни“, изјави Буфон за „Скај Уно“.

Џиџи тврди дека него му се останува во Париз без оглед на сезоната во која прерано го заврши сонот за Лига на шампиони.

„Среќен сум Париз имам големо искуство со 40 години и навистина сакам да живам. Дојдов во клубот убеден дека ме чека голем предизвик и како играч и како човек и на крајот го добив она што го барав. Ние во Италија имаме погрешна слика за францускиот фудбал. Тука фудбалот навистина е тактички послаб, но е многу напорен на физичко и техничко ниво“, истакна Буфон.

Претходно Буфон се поврзуваше со враќање во Јувентус на некоја директорска позиција, но според оваа изјава на Буфон тоа нема да се случи ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Министерот на Италија незадоволен од одлуката за Ачерби: Го разбирам бесот…

Министерот за спорт на Италија, Андреа Абоди ја критикуваше одлуката на италијанската лига…