Дома Фудбал Италија Буфон: Верати е единствениот вистински талент на италијанскиот фудбал

Буфон: Верати е единствениот вистински талент на италијанскиот фудбал

bufon

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон застана во одбрана на својот сонародник и клупски колега од ПСЖ.

Буфон во интервју за „Газета дело Спорт“ го бранеше својот соиграч од ПСЖ, поради критиките кои ги добиваше во последно време oд медиумите на Апенините.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Марко е неверојатен играч. Во овој момент тој е единствениот талент на италијанскиот фудбал во смисла како игра, квалитетот и начинот на кој гледа на фудбалот. Кога игра со просечни играчи се мачи бидејќи не го разбираат. Понекогаш оние подобрите имаат таков проблем“, изјави Буфон.

Според изјавата во продолжение тоа важи репрезентацијата.

„Во ПСЖ има среќа да има одлични играчи покрај себе, знаат каде ќе оди неговата топка, но и каде тие ја сакаат и тогаш гледате колку неговите потези доаѓаат до израз“, изјави италијанскиот голман.

Кога во прашање е Лигата на шампионите, ПСЖ игра заедно во група со Наполи и Буфон кратко порача дека Јувентус во овој момент е далеку пред сите во Италија, но се надева дека Кавани и друштвото ќе му го „украдат шоуто“.

„Понекогаш едноставно сакам да поминам незабележан“, заврши Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…