Дома Трансфер зона Бура во Милано: Икарди најави заминување (фото)

Бура во Милано: Икарди најави заминување (фото)

Првата ѕвезда на Интер, Маури Икарди додатно ги запали шпекулациите за негов трансфер со својот пост на социјалните мрежи.

Имено, Икарди на својот Инстаграм профил објави слика на која пишува: „За да можеш да напредуваш, треба да знаеш да кажеш згогум“. Притоа, како коментар под сликата Аргентинецот напиша: „Чао Чао“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ваквата изјава на Икарди ги исплаши фановите со оглед на фактот дека е познат интересот на Реал Мадрид за неговиот потпис.

Напаѓачот во својот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра, сума која наводно „кралевите“ се спремни да ја платат.

Иако Икарди крена голема прашина со својот пост, сепак од миланскиот клуб се огласија и потврдија дека напаѓачот сигурно ќе остане на „Џузепе Менаца“.

>

Chau Chau ??

A post shared by Mauro Icardi (@mauroicardi) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…