Денеска Ерик тен Хаг конечно беше сменет од функцијата менаџер на Манчестер Јунајтед и сега главното прашање во Англија е кој ќе го наследи и ќе седне на „жешката“ клупа на гигантот од „Олд Трафорд“.
Руд Ван Нистелој, досегашниот асистент на Тен Хаг, ќе ја преземе улогата на вршител на должноста тренер на првиот тим додека не се најде конечно решение, а Томаш Франк од Брентфорд, Рубен Аморим од Спортинг, Един Терзиќ и Чави Хернандез се некои од имињата кои фигурираат да добијат постојана работа во Јунајтед.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа по отказот на Тен Хаг големо внимание привлече фотографијата која ја објави сопругата на Чави во текот на вчерашниот ден.
Имено, таа објави фотографија од Чави на која до него е неговиот син и тоа во дрес на Манчестер Јунајтед. Останува во наредните денови да видиме дали се работи за случајност или ова е некаква најава.