Жељко Бувач со години работеше како соработник на Јирген Клоп.
Овој 59 годишен стратег 17 години беше покрај Клоп, но патиштата им се разделија во 2018 година кога Бувач си замина од стручниот штаб на Германецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вувач после долго време излезе во јавноста и тврди тој бил човекот кој ја завршувал тренерската работа, додека Клоп зборувал во медиумите.
„Ја завршував комплетната тренерска работа, освен интервјуата. Се чувствував како менаџер во тие години. Ги имав сите функции и се обидов да влијаам на свој тимот и да го направам подобар, внимание не ми беше потребно“, изјави Бувач.
Денес Бувач работи како спортски дриектор во Динамо Москва.