Големото дерби на Москва секогаш предизвикува големо внимание кај навивачите ширум светот. Фановите на Спартак и ЦСКА уште еднаш потврдија зошто е тоа така, особено домашните фанови кои имаа спекакурална кореографија.
Тие себе си се прикажаа како гладијатори, а ЦСКА како коњи, и во таа прилика ја покажаа мапата на Европа и неколку локации ширум Стариот континент. Според кореографијата на тие локации треба да ги одвлечат нивните ривали кои се прикажани како коњи.
#DerbyDay Перфоманс #Спартак ?⚪ pic.twitter.com/QZ09CexzNt
— Фратрия (@fratria) December 10, 2017
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она што е спорно на мапата е делот на Балканот, односно Македонија која е прикажана како дел од Бугарија.
Спартак има група навивачи од Македонија, меѓу кои најистакната е таа од Куманово, па поради тоа ова е вистинско понижување за нашата држава.