Веќе пристигнуваат потврди од сите медиуми дека Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон постигнале договор за трансферот на Бруно Фернандеш.
Португалецот денес треба да пристигне на лекарски прегледи во Манчестер, а потоа да стави потпис со „црвените ѓаволи“ до 2024 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јунајтед со португалскиот играч за врска од поодамна има договор, но двата клуба долго време не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето.
Спортинг конечно ја прифати последната понуда на Јунајтед „тешка“ 55 милиони евра во кеш плус 25 милиони во име на бонуси.
10 милиони евра од бонусите ќе бидат лесно остварливи и Јунајтед ќе треба да ги исплати во наредните два години, а останатите 15 милиони евра се потешко остварливи.
Bruno Fernandes is flying to Manchester today to complete a medical with Manchester United.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2020
A €55m initial fee plus €25m bonuses has been agreed with Sporting. Personal terms have long been agreed with the player. (Source: Telegraph) pic.twitter.com/kioyrXFdqX