Дома Македонски спорт Мак фудбал Брегалница ги отстапи Кудев и Николовски на Кит Го Пехчево

Брегалница ги отстапи Кудев и Николовски на Кит Го Пехчево

Младите фудбалери на ФК Брегалница, офанзивецот Љупче Кудев и десниот бек Анџело Николовски до крајот на есенскиот дел од актуелната сезона ќе бидат на отстапница во второлигашот Кит Го од Пехчево.

Низ взаемен договор со фудбалерите, а единствено во интерес на дополнителниот фудбалски развој на едни од најголемите таленти на „сините“ одлучено е Кудев и Николовски да се приклучат на амбициозниот Кит Го каде ќе имаат засилена минутажа неопходна во континуираниот персонален напредок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Брегалница сосема јасно иднината на клубот ја темели на сопствените фудбалски изданоци. Токму поради тоа неопходна е апсолутната минутажа на терен како основа за вистинската фудбалска изградба, која е важна и за двајцата наши фудбалери.

Младинскиот репрезентативец Љупче Кудев, кој игра на деснокрилната офанзивна позиција, е роден на 7.12.2003, a десниот бек Анџело Николовски, кој е роден на 10.11.2001 година, и претходно до јуни 2020 година настапуваше во редовите на Кит Го.

Фото: ФК Брегалница

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сејдини: Македонија може да има успех во Лигата на Нации, знам дека тоа го мисли и селекторот

На Редовното генерално Собрание на Фудбалската федерација (ФФМ) на Македонија, претседател…