Вардар денес со пораз ги заврши подготовките во Анталија, лидерот во македонското првенство претрпе пораз од Мура со 1:3.
Црвено-црните денес имаа водство се до 71. минута, а во последните 19 минути примија три гола. До водство Вардар стигна со евроголто на Владица Брдаровски во првото полувреме.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во вториот дел Мура изгледаше посериозно и ги искористи грешките во одбраната на Вардар за да стигне до победа.
Вардар на овие припреми загуби од Динамо Киева (0:4), Бачка Топола (1:3), Хајдук (1:3) и Бања Лука (0:2), против Црвена Звезда Вардар одигра реми без голови.