Дома Трансфер зона Брахим Дијаз сака да се врати во Милан

Брахим Дијаз сака да се врати во Милан

Брахим Дијаз после три сезони поминати во Милан ова лето се врати во Реал Мадрид и требаше да биде големо засилување.

Дијаз блескаше во дресот на „росонерите“, па Реал одлучи да го врати како замена за Асенсио ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Дијаз не се вклопува во системот на игра на Анчелоти и добива мала минутажа, па може експресно да го напушти „кралскиот“ клуб.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал е спремен да го пушти уште во јануари, а најголема желба на Дијаз е да се врати во Милан.

Меѓутоа, „росонерите“ ова лето како негова замена го донесоа Пулишиќ, кој одлично се вклопи и прашање е дали сега ќе има место за него во тимот на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…