Дома Фудбал БРАЗИЛЦИТЕ ПОМИНАА, НО ГИ ОЧЕКУВА ПЕКОЛ! Познати сите двојки од четвртфиналето на Копа Америка: Закажан СПЕКТАКЛ!

БРАЗИЛЦИТЕ ПОМИНАА, НО ГИ ОЧЕКУВА ПЕКОЛ! Познати сите двојки од четвртфиналето на Копа Америка: Закажан СПЕКТАКЛ!

Бразил чекаше до последниот судиски свиреж! По победата над Парагвај и ремито со Костарика, Бразилците ремизираа и со Колумбија 1:1 (1:1), а само еден гол ги делеше од испаѓање во главната фаза на Копа Америка.

Рафиња го доведе својот тим во водство во 12. минута, а потоа Давинсон Санчез погоди во 19. Сепак, голот беше поништен поради офсајд, но Данијел Муњоз успеа да израмни во самиот финиш на полувремето.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Во вториот дел влегоа Переира, Ендрик, Даглас Луиз, но без успех и Бразилците останаа втори во групата зад Колумбија.

Во вториот меч, по ремито со Бразил, Костарика направи што можеше на мечот со Парагвај, победи со 2:1, но и требаше пораз на Бразил за да помине понатаму.

Сега ги имаме и комплетните парови од нокаут фазата на Копа Америка.

Аргентина – Еквадор

Канада – Венецуела

Колумбија – Панама

Уругвај – Бразил

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА задоволна: Новото правило ќе се користи и во клупскиот фудбак

Европската куќа на фудбалот пред почетокот на првенството во Германија воведе ново правило…