Дома Останати Кошарка НБА Бостон со убедлива победа против Мајами изедначи во серијата

Бостон со убедлива победа против Мајами изедначи во серијата

Бостон Селтикс запишаа убедлива победа во полуфиналната серија од НБА лигата против Мајами со 102:82 со која изедначија во серијата на 2:2.

Победата на Бостон беше најавена од самиот старт затоа што гостите имаа кошмарен старт. Домаќините поведоа со неверојатни 18:1, а потоа имаа и 26:4 кога Мајами започна да се консолидира.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Меѓутоа и така не успеаа да го свртатат резултатот, Бостон на полувреме водеше со 27 поени разлика, 57:33. Слична беше ситуацијата и во второто полувреме, а предноста одеше до највисоките +31.

Џејсон Татум беше најефикасен со 31 поен, додека Оладипо кај Мајми мечот го заврши со 23 поени. После овој натпревар серијата се сели во Флорида, новиот дуел се игра ноќта измеѓу среда и четврток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…