После поразот во првиот натпревар Бостон изедначи во финалето на Источната конференција против Мајами. Овој дуел Селтикси го добија со 127:102.
Мајами славеше во првиот натпревар меѓутоа тогаш во составот на Бостон не настапија Маркус Смарт и Ал Хорфорд, сега со нив двајца на паркетот Бостон изгледаше поинаку.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мајами беше подобар тим само во почетните минути кога поведе со 18:8, а потоа Бостон го подигна нивото на игра и на полувремето веќе беше 45:70. Домаќините во продолжение останаа и без дефанзивецот Такер кој се повреди.
На крајот Татум го заврши мечот со 27 поени, Браун уфрли 24, исто колку и Смарт кој додаде уште 12 асистенции и девет скока. Џими Батлер беше првиот стрелец на паркетот со 29 поени.