Дома Фудбал Борусија Дортмунд веќе избра нов тренер

Борусија Дортмунд веќе избра нов тренер

Само еден ден откао Борусија Дортмунд му врачи отказ на тренерот Лусиен Фавр, познат е фаворитот за негов наследник.

Германските медиуми се сигурни дека нов тренер на „милионерите“ ќе биде Марко Розе, кој моментално ја води Борусија Мехенгладбах.

44-годишниот Германец веќе има комплетен договор со Борусија Дортмунд и ќе седне на кормилото по завршување на сезоната.

Марко Розе веќе втора сезона е на кормилото на Мехенгладбах. Минатата сезона успеа да го пласира тимот во Лигата на шампиони, а оваа сезона веќе избори пласман во осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …