Дома Останати Тенис Борис Бекер осуден на две ипол години затвор!

Борис Бекер осуден на две ипол години затвор!

Легендата на светскиот тенис Борис Бекер е осуден на две ипол години затворска казна, пренесува „Би-Би-Си“.

Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да одлежи затворска казна е обидот за сокривање пари и други скапоцености во вредност од дури од два ипол милиони фунти во стечајната постапка.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако Германецот во 2017 година прогласи банкрот судот отвори стечајна постапка. Во текот на истрагата се докажа дека 54-годишникот задржал средства со кои можел да ги подмири долговите. Бекер намерно префрлал големи износи на други сметки во јуни 2017 година.

На списокот на скриен имот на Бекер се наоѓаат и негови трофеи во кои се вклучени: Титулите на Вимблдон во 1985 и 1989 година, Австралија Опен во 1991 и 1996 и златниот олимписки медал од 1992 година. Во јули 2019 година на аукција беа ставени 82 предмети во сопственост на Бекер, сите имаа вредност од 765.000 евра. Меѓутоа тоа беше доволно само за делумна отплата на долгот.

Бекер беше ослободен од обвинението дека има скриени трофеи и златен олимписки медал, но малку е веројатно дека ќе му биде дозволено да ги задржи. Самиот Бекер пред судот сведочеше дека не знае каде тие се наоѓаат.

Донесувањето на конечната пресуда беше докажано за на денешен ден и германската легенда ќе мора во затвор на две ипол години. Треба да се спомене дека има право на жалба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во февруари ќе ја нападне титулата во Доха

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во февруари следната година на турнирот во…