Дома Трансфер зона Бориело е неуништлив: На 36 години прави животен трансфер!

Бориело е неуништлив: На 36 години прави животен трансфер!

Ветеранот Марко Бориело иако има полни 36 години не планира да ги закачи копачките на клин и може да ја продолжи кариерата во еден од најсилните тимови во Серија А.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, преодниот рок во Италија завршува вечерва во 20 часот, а со оглед на фактот што Наполи остана без опции во нападот, сега се насочи кон Бориело.

Наводно наполитанците веќе стапиле во контакт со неговиот агент, а Анчелоти дал зелено светло и смета дека Бориело би можел да биде добра алтернатива за Милик.

Со оглед на фактот што Бориело е слободен агент тој може да потпише за Наполи и после затворањето на преодниот рок, односно во наредните денови.

Бориело има 36 години и во досегашната кариера настапуваше за 14 клубови, од кои 13 во Италија и еден во Англија – Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…