Луис Суарез како што е познато е на излезни врати од Барселона за неговиот потпис се борат Ајакс и Јувентус.
Локалниот „Мундо Депортиво“ пишува дека на управата на клубот од Торино и здосадило да чека Рома да се договори со Милик и така да го ослободи Џеко. Во Јувентус е потребен некој да го замени Гонзало Игуаин за кого се очекува да си замине од Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новиот тренер на Јувентус Андреа Пирло, а и Роналдо во Џеко гледаат идеален партнер на Португалецот. Но, секако дека не би имале ништо против и ако тоа биде Суарез. Напротив. Тоа би било џек-пот.
Прво би пристигнал за „џабе“. Што повеќе, Суарез бара Барселона да му исплати 14 милиони евра ако сака да замине иако повиците од Торино и Амстердам би можеле да го убедат да се согласи да замине од Каталонија само со чисти документи. Јувентус му нуди 10 милиони евра нето, клупскиот трошок така би бил околу 15 милиони евра. Тоа повторно е помалку од сумата за Џеко затоа што тој би ја добил платата на Игуаин од 7.5 милиони евра, а Јувентус на Рома би и платил оштета од 10 милиони евра.
Се чека и да се види како ќе реагира Ајакс, директорт Марк Овермарс на Суарез му ветил дека во наредните денови ќе му достави конкретна понуда. Тешко дека Холанѓаните можат да му парираат на Јувентус, но во Амстердам очекуваат пари од Дони Ван Де Бек кој оди во Јувентус, а би можел добро да се продаде и Сержињо Дест.
Време нема кој знае колку па ќе видиме како Суарез ќе одлучи.