Мохамед Салах на лето влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за продолжување на одат во добра насока.
Американските сопственици не сакаат да му платат околу 30 милиони како што бара Египќанецот, па многу е веројатно дека на лето ќе биде продаден.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Црвените“ ќе направат се до крајот на сезоната да успеат да го убедат Салах да стави потпис на нов договор, но веќе почнаа да бараат замена.
Англиските медиуми пишуваат дека прва желба е Осман Дембеле, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент.
Што се однесува до Салах, најсилен интерес за него покажува ПСЖ, кој во Египќанецот гледа идеална замена за Мбапе.