Дома Топ вести Бомба од Шпанците: Пјаниќ се сели на „Ноу Камп“ во зделка од тројца играчи и 25 милиони евра!

Бомба од Шпанците: Пјаниќ се сели на „Ноу Камп“ во зделка од тројца играчи и 25 милиони евра!

Ако им веруваме на дел светските медиуми Барселона и Јувентус постигнале договор!

Како што тврди каталонскиот „Спорт“ шпанскиот и италијанскиот гигант постигнале договор за размена на фудбалери во кој ќе биде вклучен Миралем Пјаниќ. Наводно Пјаниќ заедно со Матија Де Шиљо ќе се пресели во Барселона додека, во спротивен правец ќе се упати Нелсон Семедо, освен тоа Каталонците ќе платат и 25 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Наводно, се е договорено и се очекува наскоро се да биде и потврдено од некоја од двете страни или играчите.

Пјаниќ претходно се поврзуваше со Челзи и ПСЖ, но Барселона изгледа беше побрза во реакцијата и успеала да ја заврши работата.

Босанскиот репрезентативец го носеше дресот на Јувентус во претходните четири години и оствари учинок од 22 гола во 167 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…