Реал Мадрид сака да ја искористи ситуацијата во Манчестер Сити и да им ја „украде“ една од најголемите ѕвезди во тимот.
„Граѓаните“ добија суспензија од страна на УЕФА за двегодишна суспензија во Лигата на шампиони, па медиумите тврдат дека тоа ќе доведе до заминување на некои ѕвезди од тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација и спремил богата понуда за Кевин де Брујн.
Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ будно ја следат ситуацијата во Манчестер, па Белгиецот ќе биде најголема трансфер желба на Зидан.
Де Брујн е посакуван од многу европски гиганти, но Реал Мадрид важи за фаворит за неговиот потпис, а новодно и Азар веќе имал разговор со својот сонародник.