Актуелниот шампион на Англија не ја започна оваа сезона според очекувањата не само на навивачите, туку и за сите.
Последниот домашен пораз од Манчестер Сити е јасен знак дека новите засилувања се неопходни. Диего Коста го напушти Лондон, Алваро Мората е надвор од терените поради повреда, па „Сините“ се подготвени повторно да се вклучат во трката за напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Желбата на Роман Абрамовиќ е и одличниот лев бек на Јувентус, Алекс Сандро, пишува „Mirror“. Челзи ова лето сакаше да го доведе Алекс Сандро во Лондон, но Јувентус ги одби понудите и Бразилецот го продолжи договорот. Што се однесува на Санчез, „Сините“ уште во јануари можат да стапат во контакт со играчот и да се обидат да го наговорат од следната сезона да го облече нивниот дрес.
Меѓутоа, проблем претставува тоа што за неговите услуги заинтересирани се и ПСЖ, Сити, Реал и уште некои гиганти. „Daily Mail“ тврди дека Челзи веќе подготвил 68 милиони евра за Алекс Сандро, со 5,5 милиони евра по сезона за Бразилецот.