Дома Топ вести „Бомба“ од Апенините: Ашраф Хакими се сели во Интер

„Бомба“ од Апенините: Ашраф Хакими се сели во Интер

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Ашраф Хакими е пред трансфер во Интер.

Десниот бек веќе дал согласност за трансферот, а Интер и Реал Мадрид ги договараат последните детали, трансферот ќе биде тежок 40 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хакими оваа сезона игра на позајмица во Борусија Дортмунд и блеска во дресот на „милионерите“ каде на 40 меча на кои постигна 9 гола и запиша 10 асистенции.

Хакими неодамна го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2023 година, но „кралевите“ сакаат да инкасираат кеш од неговата продажба бидејќи Зидан на таа позиција му верува на Карвахал.

Многу европски гиганти го сакаат 21-годишниот Мароканец, но Интер успеа да ја добие битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…