Дома Трансфер зона „Бомба“: Капитенот на Наполи се сели во Интер

„Бомба“: Капитенот на Наполи се сели во Интер

Иднината на Лоренцо Инсиње и понатаму е нејасна, откако одби да го продолжи договорот со Наполи.

Договорот на Инсиње со Наполи истекува во јуни 2022 година, а според „Газета дело Спорт“ двете страни се далеку од продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Mалку е веројатно дека Инсиње ќе го продолжи договорот затоа што сака да му се зголеми платата од моменталните пет милиони евра, па сигурно ќе замине без обештетување на крајот на сезоната.

Италијанските медиуми денес лансираа „бомба“ и тврдат дека Инсиње може да се пресели во Интер како слободен агент следното лето.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и му нудат плата од 6 милиони евра по сезона, плус 5 милиони евра бонус при потпишување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…