Дома Топ вести БОМБА: Иниеста ја напушта Барса – позната следната дестинација

БОМБА: Иниеста ја напушта Барса – позната следната дестинација

Андрес Иниеста, миленикот на навивачите на Барселона и капитенот на овој тим, според информациите од Шпанија ќе го напушти каталонскиот клуб.

Имено, Иниеста се уште не го продолжи договорот со каталонскиот тим, а како јавува „Mundo Deportivo“, така и ќе остане, па одличниот играч ќе ја продолжи кариерата далеку од главниот град на Каталонија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Имено, според истиот извор, Чави е убеден дека својот поранешен играч ќе премине во редовите на катарскиот тим Ал Сад во кој Чави веќе со години настапува.

Иниеста во Ла Масија, фудбалската школа на Барселона, пристигна со 12 години и во текот на својата кариера освои дури 30 титули со Барселона. Минатата сезона, повредите не ги одмина, па така повеќе време седеше на клупата или пак во болница.

Чави го убедил Иниеста да ја посети Доха, каде што поранешниот играч за врска на Барселона живее со своето семејство. Покрај тоа, во Катар сметаат дека Иниеста би бил одличен амбасадор за Светското првенство 2022. година. Исто така, истиот изор пишува дека договорите се неверојатни високи.

„Mundo Deportivo“ исто така пишува дека Иниеста од Барселона и репрезентацијата на Шпанија ќе се збогува по Светското првенство 2018. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…