Барселона веќе подолго време е заинтересирана да го доведе Бернард Силва од Манчестер Сити, кој е најголема желба на Чави.




Португалецот има договор со Сити до 2025 година, но инсистира да го напушти Манчестер Сити и да се пресели на „Камп Ноу“.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Гвардиола неколку пати порача дека доколку некој не е среќен во тимот, нема потреба да го држи тука со сила. Поради тоа доколку Португалецот побара трансфер ќе му биде дозволено да замине.
Последните информации од Шпанија говорат дека Каталонците во посредство со агентот Жорге Мендеш го договориле трансферот на Португалецот кој ќе изнесува 80 милиони евра.




Сити се согласил да го продаде за 80 милиони евра, па останува уште да се договорат последните детали за да се комплетира трансферот.




Силва во Манчестер Сити дојде во 2017 година од Монако, а во изминатите пет сезони четири пати беше шампион на Англија, а има вкупно 11 трофеи во сите натпреварувања со „граѓаните“.
Prix inférieur à 80M€ https://t.co/qUJ2Gsb5UB
— Actualité – Barça (@ActualiteBarca) July 15, 2022