Барселона е во потрага по квалитетен напаѓач кој ќе може да биде легитимен наследник на Луис Суарез, а медиумите тврдат дека првата мета е ѕвездата на Ливерпул.
Барселона во изминатите години има одлична соработка со „црвените“. Најпрво го купи Луис Суарез од „Енфилд“, а потоа и Филипе Кутињо со кого го срушија клупскиот трансфер рекорд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Дејли Експрес“ во своето денешно издание пишува дека Барса почнала да ја разгледува опцијата за ангажман на Роберто Фирмино.
Бразилецот веќе неколку години игра на врвно ниво, па Каталонците сметаат дека би бил идеален наследник на Луис Суарез и одличен партнер на Меси во нападот.
Сепак, овој пат воопшто нема да биде лесно да го убедат Ливерпул да ја пушти својата ѕвезда, но и самиот играч кој се чувствува одлично на „Енфилд“.