Иако се очекуваше Јамајканецот да стави потпис на професионален договор со австралискиот клуб Централ Кост Мартинерс, изгледа тоа нема да се случи.
Легендарниот атлетичар Усаин Болт сака да се проба во фудбалот и тоа веќе го прави, напорно тренираше во претходните недел, а неодамна ги постигна и првите погодоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Австралискиот тим, Централ Кост Маринерс се одлучи и да му понуди нов договор и во тие моменти се очекуваше работата да биде завршена. Но, Болт ја одбил понудата од 150.000 долари по сезона.
Според информациите на „Фокс Спорт“, Болт сакал три милиони долари со што убедливо би станал рекордер во австралиската лига.
Изгледа Болт некаде погреши бидејќи клубовите во Австралија не се познати како големи „трошаџии“ на трансфери и плати, доколку бара такво нешто требало да бара ангажман во Кина, Катар, САД…
Тренерот на Маринерс, Мајкл Малви и онака не е премногу импресиониран од фудбалските квалитети на Болт, посебно не после неговото барање и многу брзо неговата авантура во Австралија веројатно ќе заврши.