Дома Фудбал Болница во Барселона: Се повреди и Суарез!

Болница во Барселона: Се повреди и Суарез!

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде остана без уште тројца играчи.

Шпанскиот клуб соопшти дека натпреварот против ПСВ ќе го пропушат Луис Суарез, Јаспер Силенсен и Артур.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суарез заработи повреда на десното колено и надвор од терените ќе биде две недели.

Силенсен почуствува болка при загревањето во натпреварот против Атлетико, а од прегледите направени подоцна беше утврдено дека ќе биде надвор од терените две до три недели.

Кога станува збор за Артур тој ќе го пропушти натпреварот против ПСВ поради повреда на мускулот

Претходно од „Ноу Камп“ соопштија дека Рафиња ќе мора да оди на операција на коленото поради скинати лигаменти, а се повреди и Серхио Роберто.

Во тимот пак, ќе се вратат Иван Ракитиќ и Фелипе Кутињо.

Барса и ПСВ натпреварот од Лигата на шампионите го играат во среда од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири срамни податоци за дебаклот на Манчестер Јунајтед

Избраниците на Ерик тен Хаг забележаа срамен пораз во Лондон од Кристал Палас со резултат …