Дома Фудбал Германија Боатенг се збогува од Баерн со 25 освоени трофеи: Не ни сонував дека заедно ќе постигнеме вакво нешто

Боатенг се збогува од Баерн со 25 освоени трофеи: Не ни сонував дека заедно ќе постигнеме вакво нешто

Жером Боатенг после 10 години го напушта Баерн, а од клубот се прости со порака преку друштвените мрежи.

Баерн на последниот натпревар оваа сезона против Аугусбург неодаман се прости од Ханси Флик, Давид Алаба, Хави Мартинез и Жером Боатенг. Сега од клубот со емотивна порака се збогува Богатенг за кого не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Кога дојдов тука, мојата цел беше да се натпреварувам со најдобрите, да играм во Лигата на шампионите и да бидам стартер. Искрено, не ни сонував дека ќе го постигнам ова што го постигнавме заедно“.

„Благодарам на сите кои ме поддржувавте во успесите и падовите и тогаш кога многумина можеби не веруваа во мене, а некои и ме отпишаа. Во последните неколку дена добив многу пораки со навистина убави желби. Многу сум благодарен на секој од вас. Засекогаш ќе ви благодарам за љубовта и поддршката која ми ја пруживте“, порача искусниот стопер.

Боатенг во Баерн дојде во 2011 година за 13.5 милиони евра од Манчестер Сити и од тогаш 36 годишниот Германец одигра 363 натпревари за германскиот гигант во сите натпреварувања, постигна 10 гола и подели 25 асистенции, собра дури 25 освоени трофеи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…