Дома Фудбал Репрезентации Би дале отказ од работа за премногу слободни денови? Токму тоа го направи овој селектор!

Би дале отказ од работа за премногу слободни денови? Токму тоа го направи овој селектор!

Уругваецот Густаво Матосас си поднесе оставка од должноста селектор на репрезентацијата на Костарика и објасни дека си заминува затоа што му е досадно.

„Не знаев дека да се биде селектор е толку досадна работа“, изјави Матосас на конференцијата за новинари на која беше и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Костарика, Родолфо Вилалобос.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Пенарол, Малага, Сан Лоренцо, Расинг, Сао Паоло, Лиед, Ваљадолид и Атлетико Параненсе изјави дека не се чуствува продуктивен како селектор.

„Тешко е да се води тим во кој ги немаш играчите секој ден на располагање. Понекогаш мислам дека сум на одмор. Со играчите сум една недела во секои два месеци, не мислев дека ќе биде толку тешко. Не знаев дека ќе имам толку слободни денови, немам дневна рутина по цел ден гледам филмови и натпревари. Оваа работа не е за мене“, појасни Матосас кој на клупата на Костарика помина 11 месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…