Дома Топ вести „Билд“ тврди: Халанд се сели во Јувентус

„Билд“ тврди: Халанд се сели во Јувентус

Еминентниот германски весник „Билд“ лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Ерлинг Халанд би можел да ја напушти Борусија Дортмунд порано од очекуваното.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ерлинг Халанд оваа сезона ја воодушеви фудбалска Европа и неговио трансфер во Борусија Дортмунд се покажа како вистински погодок за „милионерите“.

Халанд на само девет натпревари за Дортмунд постигна 12 гола, па уште сега се шпекулира дека нема долго време да остане во тој клуб.

„Билд“ тврди дека Јувентус веќе работи на неговиот трансфер и ќе се обиде да го донесе во Торино уште ова лето.

Голема улога во реализација на трансферот ќе одигра неговиот менаџер Мино Раиола, кој во договорот на Халанд ставил откупна клаузула од 75 милиони евра, сума која Јувентус е спремен да ја плати.

„Билд“ не е весник кој се бави со шпекулации и ретко греши кога се трансферите во прашање, па поради тоа оваа вест одекна како „бомба“ во фудбалскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…