Босанскиот напаѓач Кенан Кодро денес и официјално беше претставен како нов фудбалер на Атлетико Билбао.
Кодро пристигнува од дански Копенхаген, а со клубот од Ла Лига постигна договор до летото 2022 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
И ако овој трансфер на фудбалер кој е „анонимец“ за пошироката фудбалска јавност не е некоја вест – вест е неговата откупна клазула! Кодро во договорот ќе има клазула за откуп од дури 80 милиони евра.
Босанецот денес ќе го потпише договор, додека неговото претставување пред навивачите ќе биде утре во 11 часот.
За Копенхаген во првиот дел од сезоната постигна 13 погодоци (осум во првенството и пет во Лигата на Европа).