Дома Фудбал Репрезентации Биелса станува селектор на една од најголемите репрезентации од Јужна Америка?

Биелса станува селектор на една од најголемите репрезентации од Јужна Америка?

Изгледа дека Марсело Биелса повторно ќе се врати на селекторската работа. Популарниот „лудак“ ја водеше родната Аргентина, претходно и Чиле, а сега според најавите би можел да стане селектор на Уругвај.

Најавите од јужноамериканските медиуми седека Аргентинецот ќе ја преземе клупата на оваа репрезентација до јуни 2026 година, а ако се пласира на Мундијалот во Северна Америка ќе ја води репрезентацијата на завршницата од ова натпреварување.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Двократниот светски шампион и повеќекратен шампион на Јужна Америка би требало да го подмлади тимот, а квалитет во редовите на Уругвај секако има. Тука се Валверде, Де Араскаета, Бентакур, Хименез, Дарвин Нуњез…

Изгледа како одличен потег, Уругвај би добил доволно време, квалификациите за СП започнуваат во ноември, а неговата нова селекција во првиот натпревар ќе игра против Чиле. Уругвај има големи амбиции и на Копа Америка во 2024 година која ќе биде еден вид припрема за Мундијалот.

Уругвај титулата на Јужна Америка ја освои дури 15, но последен пат тоа беше во 2011 година. Биелса нема трофеј ниту во репрезентативниот, ниту во клупскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…