Интересна констатација на еден од најискусните менаџери во Премиер лигата, поврзана со тимот на Жозе Мурињо.
Жозе Мурињо ова лето потроши 170 милиони евра за да ги доведе Виктор Линделоф, Ромелу Лукаку и Немања Матиќ и тоа се исплатеше Манчестер Јунајтед на стартот од сезоната постигнува солидни резултати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, многумина го критикуваат Мурињо поради неговиот стил на игра. Сето тоа го коментираше и Сем Алардајс.
Популарниот „Биг Сем“ помеѓу другото истакна и дека денес се потешко се пронаоѓаат квалитетни фудбалери, но и дека таквите играчи имаат прилично висока цена.
„Секој игра отворен фудбал кога има добри играчи, ако потрошите голема сума и ги доведете играчите кои ви се потрени ќе имате можност да играте и атрактивен фудбал. На Мурињо му е навистина тешко да направи тим каков што на пример имаше Сер Алекс Фергусон, за таков тим денес ви се потребни 700 или 800 милиони евра“, изјави Алардајс.
Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо во следното коло од англиската Премиер лига ги очекува натпревар против Челзи.