Дома Фудбал Бивш напаѓач на Барса: Од што се плаши Гризман? Од Меси кој е висок метро и половина

Бивш напаѓач на Барса: Од што се плаши Гризман? Од Меси кој е висок метро и половина

Поранешниот напаѓач на Барселона, Кристоф Дугари даде интересен коментар за односите помеѓу Меси и Гризман во каталонскот клуб.

„Од што се плаши Гризман? Од еден човек кој е висок 1.50 м? Единственото нешто што треба да го направи е да покаже „јајца“ во некој момент. Веќе една година се зборува дека има проблеми со Меси. Треба да го исшамари. Вистина е дека Меси треба да му дава повеќе пасови, но искрено тоа не ме изненадува. Гризман губи топки и игра со страв. Тој треба да зборува со Меси за да го реши проблемот“, изјави Дугари.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кике Сетиен? Тој е добар човек, но не е на неопходното ниво. Не знаеше кого да замени, го изваде Бускетс во 85-та минута за да го стави Ансу Фати, а Гризман влезе во 90. Тој едноставно не знае што треба да прави со тимот“, заклучи поранешниот играч на Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…