Велшкиот фудбалер Герет Бејл ова лето се врати во Тотенхем на позајмица од Реал Мадрид.
Герет Бејл сега е во клубот каде ја доживеа својата фудбалска афирмација и тврди дека тоа е место каде повторно се чуствува сакан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлично е повторно да играш и да си на местото каде се чувствуваш сакано. Се враќам во оптимална физичка форма на теренот и тоа еона што секој играч го радува. Среќен сум што сум на добро место во моментов. Се уште има простор за напредок“ изјави Бејл.
„Враќањето во место каде што се чувствувате сакани ви дава глад повторно да одите и играте за вашите фанови за кои знаете дека толку многу ве поддржуваат“, додаде Бејл.